Обезбедени парите од ЕБОР за пругата кон Бугарија

Bez autora
Jul 22 2012

Со исклучително поволен заем од 46,4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на почетокот на наредната година ќе почне рехабилитацијата и изградбата на железничката пруга од Куманово до Бељаковце, а со грант од 2,5 милиони евра ќе се изработува проектната документација за целосна изградба на железницата од Коридорот 8. Реконструкцијата на првата делница и целокупната изградба на пруга од Коридорот 8 станува реалност. По 15 години тапкање во место Македонија конечно може да почне со реализацијата на овој значаен проект. Делот на пругата од Куманово до Бељаковце е долг 31 километар. Финансиската конструкција за нејзина рехабилитација и изградба е затворена со добиениот кредит од 46,4 милиони евра од ЕБОР, кој е со камата од 1,7 отсто и ќе се отплатува 15 години со четири години грејс период. Овој договор за заем е доставен до Собранието и се чека одобрување.

Обезбедени парите од ЕБОР за пругата кон БугаријаСо исклучително поволен заем од 46,4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на почетокот на наредната година ќе почне рехабилитацијата и изградбата на железничката пруга од Куманово до Бељаковце, а со грант од 2,5 милиони евра ќе се изработува проектната документација за целосна изградба на железницата од Коридорот 8.

- Реконструкцијата на првата делница и целокупната изградба на пруга од Коридорот 8 станува реалност. По 15 години тапкање во место Македонија конечно може да почне со реализацијата на овој значаен проект - вели вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Делот на пругата од Куманово до Бељаковце е долг 31 километар. Финансиската конструкција за нејзина рехабилитација и изградба е затворена со добиениот кредит од 46,4 милиони евра од ЕБОР, кој е со камата од 1,7 отсто и ќе се отплатува 15 години со четири години грејс период. Овој договор за заем е доставен до Собранието и се чека одобрување. Планирано е тендерот за изведувач на работите, кој ќе трае околу половина година да се распише во септември годинава, така што кон крајот на февруари или почетокот на март наредната година треба да почне изградбата. Работите треба да завршат за три до четири години.

Истовремено, ЕБОР обезбеди и грант од 2,5 милиони евра со кој ќе се заврши целокупната проектна документација за да се аплицира за средства и за втора фаза од пругата - од Бељаковце до Крива Паланка, а подоцна и за третата фаза - од Крива Паланка до границата со Бугарија.

- Наши очекувања се дека до крајот на 2013 година треба да се изработи проектната документација за делницата од Бељаковце до Крива Паланка, а потоа Бордот на директори на ЕБОР да ги одобри средствата потребни и за изградба на оваа втора фаза. Значи, ќе се оди етапно, но фактот дека се обезбедени грант средства и првите 46.400.000 евра за првата фаза покажува дека ЕБОР целосно застана зад овој проект, а Република Македонија целосно ќе го реализира со овие средства - потенцира Ставрески.

Тој информира дека паралелно со ова ќе се работи и на проектната документација за западниот дел на Коридорот 8, од Кичево до Лин, односно албанска граница. Прво ќе се изработува физибилити студија, а потоа и проектната документација, за што исто така ќе се користат грант средства, по што ќе почнат преговори со ЕБОР за одобрување кредит и на таа секција од Коридорот 8.

- За нас како држава која нема излез на море, најдобро е да имаме излез и кон бугарското пристаниште Бургас и до албанското Драч и пруга и до двете пристаништа. Затоа и ќе се прави физибилити студија за делот од Кичево до Лин која ќе се изработува 12 до 18 месеци. Таа ќе го покаже вкупниот износ на потребните средства, како и која ќе биде трасата. Самиот факт дека сме почнале преговори со ЕБОР за изградба и на тој дел, покажува дека Владата стои зад изградбата на целокупната пруга на Коридорот 8 - рече Ставрески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik